САМА ПАЗАРИ И ГОТВИ, А ЖИВЕЕ ВО ИЗНАЈМЕН СТАН, СЕКОЕ УТРО МУ ПРАВИ ПОЈАДОК НА СОПРУГОТ, НЕКОЛКУ ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА АНГЕЛА МЕРКЕЛ

Сама пазари и готви, а живее во изнајмен стан, секое утро му прави појадок на сопругот, неколку интересни факти за Ангела Меркел
Сама пазари и готви, а живее во изнајмен стан, секое утро му прави појадок на сопругот, неколку интересни факти за Ангела Меркел
Ангела Меркел, една од најмоќните жени во светот, само што наполни 65 години. Сите знаат што значи името на Ангела Меркел во политиката, но постојат и интересни особини и односи кои ја следат во животот.
Еве ги можеби најинтересните од нив. Својот приватен живот го држи во најстрога тајност, но сепак неколку факти успеаја да испливаат на површина.
Додека студирала, Меркел работела како шанкер на студентските диско забави. Дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. Некои велат дека успех постигнала затоа што на проблемите им приоѓа од научен аспект.


Откако се развела од првиот сопруг, живеела во нелегален стан во близина на железничка станица. На нејзиниот 30-ти роденден, кога татко ѝ дошол на посета, разочарано ѝ кажал: „Па, не успеа да дотуркаш многу далеку.
Меркел е одличен готвач. Обожава да прави колачи од сливи и често може да ја видите како сама купува намирници од супермаркет.
Секое утро има обичај да му прави појадок на сопругот. Се верува дека живее во изнајмен стан под кирија.
Уште во 1995-та година била нападната од куче и оттогаш има развиено страв од животни. Меркел обожава фудбал и често влегува во машките соблекувални по натпреварот за да им честита на играчите на победата.
Се може да почека, но не и сонот Меркел за време на падот на Берлинскиот ѕид била на свечената прослава со своите другарки од „западната“ страна на градот, но само кусо славела и веднаш си заминала дома за да спие.
Причината е тоа што таа секогаш сака добро да се изнаспие и секога навреме си легнува. – Не сакам со главата да треснам во бирото – рекла во една прилика таа.
Дури и рускиот претседател Владимир Путин не останал рамнодушен на ова и сакал во една ситуација при една средба лично да го провери тоа.
Со себе го повел црниот лабрадор при една заедничка средба во 2007, а „Владетелката на Европа“ се вознемирила и се налутила.
Разбирам зошто го направи тоа, за да докаже дека е маж. Тој стравува од своите сопствени слабости – рекла потоа Меркел за Путин.


Невербална комуникација со врвот на прстите При своите говори четирикратната германска канцеларка секогаш ги допира врвовите на своите прсти и образува форма на дијамант.
Според толкувачите на невербалната комуникација, тоа е симбол на спокојство и сила. Овој симбол нејзината матична партија го вметна на рекламен предизборен билборд со порака „Иднината на Германија е во сигурни раце“.
Чудни надимаци Меркел се уште го носи презимето на сопругот од првиот брак, но има и надимаци кои понекогаш би звучеле чудно.
Како мала од нејзината таткова фамилија ја нарекувале „Каси“, а кога влегла во политиката сопартијците и дале прекар „Мути“, што е блиску до значењето на зборот „Мама“.
Помодерен надимак и е „Енџи“. Нејзиниот сопруг е „Фантомот од опера“ Нејзиниот актуелен сопруг Јоаким Зауер, со кого Меркел се омажи на 20 години, се разведе па повторно се пре-мажи, го нема никаде во јавниот живот и речиси никој не може да го види, освен што се знае дека е професор по хемија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.