Само вака можете да бидете сигурни од удар од гром

Знаете ли што смеете, а што никако не смеете да правите кога сте на отворено за време на невреме. И не само на отворено- летните непогоди можат да се случат во секој момент, а секој од тие различни ситуации бара поинаков пристап за да се осигурате дека не сте во опасност.
Кога ќе слушнете гром, тогаш започнува опасноста бидејќи громот може да ве удри и кога невремето е одалечено и до 16 километри од вас.
Доколку сте на отворено, веројатно првиот ваш инстинкт ќе биде да се засолнете под некое дрво. Тоа ни случајно немојте да го правите, поготово ако во прашање е осамено дрво, бидејќи има голема шанса гром да удри во него.
Доколку пак сте во автомоби нема потреба да се плашите бидејќи шансите за да ве удри гром се минимални.


Ако сте во затворена просторија, таму останете се до престанувањето на невремето. Но, доколку грмовите постојано пукаат, затнете ги ушите за да ги заштитите ушните тапанчиња.
Доколку сте дома, потребно е да се држите подалеку од електирчните уреди и штекери, бидејќи громот се пренесува и низ инсталација.
Ова се најважните совети за заштита од гром:
– Сокријте се во затворена просторија каде има громобран и затворете врата и прозорци.
– Тргнете се од штекерите.
– Не користете чадор со метален врв тој посебно привлекува гром.
– Исклучете ги сите уреди од куќата или станот и ставете специјална заштита на овие инсталации.
Ова се три најчести заблуди за удар од гром:
– Мобилен телефон, ланец или накит не привлекува удар од гром.
– Не можете да спасите човек кој го удрил гром така што ќе го закопате во земја.
– Човек кој е погоден од гром не може да ја пренесе струјата на оној кој му го масира срцето или дава вештачко дишење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.