Само во Италија! Тестенини како цевки за пиење

Знаете ли што е заедничко за балетот, фармерките и очилата? Сите три биле измислени во Италија. Сега, еден друг италијански симбол го привлекува вниманието на луѓето ширум светот како потенцијално решение за намалување на пластичниот отпад.


Само во Италија! Тестенини како цевки за пиење
На Интернет кружат фотографии од мерката која ја преземале неколку барови во Италија. Станува збор за користењето тестенини како замена за пластичните цевки за пиење.
Само во Италија! Тестенини како цевки за пиење


Постои и компанија која продава цевки направени од тестенини – „Stroodles“. Од компанијата велат дека цевките може да се користат во период од еден час и немаат вкус. Тие може да се користат и подолго доколку пијалакот е постуден. Овие цевки може да се користат за повеќе различни пијалаци, иако не се препорачува пиење на жешки напитоци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.