четврток, 12 ноември 2026
Најново

Само еден кандидат од Македонија аплицирал за судија во Стразбур, конкурсот е сè уште отворен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

амо еден кандидат досега се пријавил на новиот оглас што го објави претходно овој месец новата Комисија за избор на кандидати за македонски судија во Стразбур, која беше формирана откако тројцата кандидати избрани од претходната Комисија не беа по вкусот на владата.Како што објавува „Слободен Печат“, Комисијата добила информација дека, во петнаесетте дена од отворањето на конкурсот, до вчера, имало еден кандидат, а рокот е 5 октомври, значи уште петнаесет дена.Новиот конкурс има речиси исти услови што мора да ги исполни иден судија во Европскиот суд за човекови права. Се бара кандидатот со државјанство на Република Македонија, со висок морален карактер, да ги исполнува потребните услови за вршење високи судски функции или да биде правен експерт со призната компетентност, да има најмалку 12 години искуство во соодветната професија, да биде помлад од 65 години, да има искуство во областа на човековите права, да има активно (ниво Ц) познавање на еден јазик и пасивно (ниво А) познавање на другиот официјален јазик на Советот на Европа (англиски и француски). 

Поврзани вести