Само Македонија и во Хрватска: ХРТ направи прилог за Илинден и Црешово топче кои ја дигнаа Далмација на нозе

Националната Хрватска радио-телевизија направи репортажа за настапот на Македонците во Сплит, кои со песна и музика ги дигнаа Далматинците на нозе. Во Сплит настапија КУД Илинден од Струга и групата Црешово топче.
Во опширниот прилог на ХРТ, поврзан со најголемиот македонски национален празник Илинден, објавува и изјави на млади Хрвати кои изјавуваат дека го сакаат македонскиот фолклор, биле во Македонија и не им било тешко да го научат македонскиот јазик.
Националната телевизија на Хрватска во целиот прилог говори за Македонија и за Македонци, без придавката пред името на државата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.