Луѓето во Велика Британија треба да бидат подготвени да служат војска во случај на војна со Русија, предупреди денеска началникот на Генералштабот на британската армија, Патрик Сандерс.
Во говорот на Меѓународната изложба на оклопни возила во Лондон, тој ги повика британските власти да ја „мобилизираат нацијата“ за да се подготват за војна со Русија, објави бриселскиот портал Политико.
- Стојна од Кратово повторно приведена: скопјани ја пријавиле дека се обидела да им наплати влезници на „Куклица“ и им се заканувалаПолицијата повторно ја приведе 41-годишната Стојна Димитровска од Кратово, откако двајца посетители… Read more: Стојна од Кратово повторно приведена: скопјани ја пријавиле дека се обидела да им наплати влезници на „Куклица“ и им се заканувала
- УЛТИМАТУМ ОД ВАШИНГТОН ДО ТЕХЕРАН: САД бараат Иран да го предаде збогатениот ураниум – Техеран категорично одбива!Соединетите Американски Држави испратиле ново, остро предупредување до Иран, поставувајќи три клучни… Read more: УЛТИМАТУМ ОД ВАШИНГТОН ДО ТЕХЕРАН: САД бараат Иран да го предаде збогатениот ураниум – Техеран категорично одбива!
- Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во МакедонијаМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски изминатите денови престојуваше во работна посета… Read more: Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
- 6.000 административци, од привремено, добиваат вработување на неопределено време со предложениот законОколу 6.000 административци место привремено ќе добијат вработување на неопределено време со… Read more: 6.000 административци, од привремено, добиваат вработување на неопределено време со предложениот закон
- Сопругата на Џејми Оливер ја откри суровата вистина: „Ми го уништуваа животот со децении“Сопругата на познатиот британски готвач Џејми Оливер, Џулс Оливер, отворено проговори за… Read more: Сопругата на Џејми Оливер ја откри суровата вистина: „Ми го уништуваа животот со децении“
Иако не поддржува регрутирање, Сандерс ја нагласи потребата од „промена“ на ставот на британската јавност за да биде ментално подготвена за воен конфликт со Русија.
Говорот на Сандерс дојде откако други западни воени лидери и највисоки претставници на одбраната претходно предупредија на ризикот од голема војна меѓу Москва и НАТО. По нападот на Украина, владата на рускиот претседател Владимир Путин ја засили, според порталот, воинствена реторика против соседните земји, вклучително и балтичките земји, кои се членки на НАТО, и Молдавија.
Минатата недела германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека рускиот напад врз НАТО е можен за пет до осум години.
Холандскиот адмирал Роб Бауер, висок функционер на НАТО, претходно изјави дека воениот блок се соочува со „најопасниот свет во последните децении“ и повика на „борбена трансформација на НАТО“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



