Седум возачи возеле под дејство на алкохол, а пет немале возачка дозвола меѓу нив и еден малолетник. Министерството за внатрешни работи информира дека изминатото деноноќие санкционирани се вкупно 14 лица. Меѓу нив, има и такви кои возеле иако имале активна забрана за возење.
– Во Скопје едно лице возело без возачка дозвола, еден во Велес, еден во Демир Хисар и по едно лице во Охрид и Тетово. Во Тетово и Охрид по едно лице управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана. Додека, по еден возач во Свети Николе, Кочани, Кавадарци, Струмица, Гевгелија и две лица во Прилеп, управувале возило под дејство на алкохол, информира МВР.
The post Санкционирани 14 возачи за возење под дејство на алкохол и без возачка дозвола appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



