Саудијците мораа да го одложат најбогатиот турнир во светот каде што тенисерите буквално се украсени со злато

Карлос Алкараз, Новак Ѓоковиќ, Александар Зверев, Тејлор Фриц, Алекс де Минаур и Лернер Тиен требаше да играат на третото издание на егзибицискиот турнир „Сикс Кингс слем“ следната недела во Ријад, но ќе мора да почекаат до крајот на годината.

Организаторот „Ријад Сезон“ објави дека турнирот, првично закажан за 21, 22 и 24 октомври, е поместен во периодот од 27 до 30 декември оваа година. Патем, тоа е најбогатиот турнир во светот на тенисот.

Американецот Тиен е во ова друштво како замена за повредениот Јаник Синер, бранителот на титулата. Италијанецот ги освои двете претходни изданија на турнирот, двата пати победувајќи го Алкараз во финалето.

Официјално поради логистика

Во соопштението на „Ријад Сезон“ се наведува дека одлуката ја одразува посветеноста на организаторите да одржуваат спортски настани според највисоките стандарди и дека се оценети организациските и логистичките предизвици и нивното можно влијание врз искуството на гледачите.

Иако во официјалното објаснување не се споменува безбедносната ситуација, одложувањето доаѓа по нападот на јеменските Хути врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, поради што беше суспендирано работењето на аеродромот, а странските авиокомпании ги откажаа летовите, објавува порталот „Тенис Нау“.

Турнирот требаше да се одржи во АНБ Арената, а беше планиран пренос во живо на Нетфликс.

Новиот рок нема да им го олесни на играчите подготвувањето за сезоната. Играчите ќе го напуштат Ријад 48 часа пред почетокот на сезоната 2027, која се отвора со Јунајтед Купот во Австралија, каде што обично играат Фриц и де Минаур. Организаторите не објавија дали сите шест играчи го потврдиле својот настап во декември.

Милиони и рекет направен од чисто злато

Саудиските организатори буквално ги украсуваат тенисерите со злато. На минатогодишното издание, секој учесник доби по 1,5 милиони долари само за доаѓањето, а победникот дополнителни 4,5 милиони долари, вкупно шест милиони долари.

Заедно со чекот, победникот добива и трофеј што не се гледа на други турнири: рекет во природна големина направен од 24-каратно злато, тежок четири килограми, идентичен со оној што му беше подарен на Рафаел Надал на крајот од неговата кариера. Според порталот Tennis365, на рекетот работеле десет лица, за негова изработка биле потребни околу 164 часа, а бил целосно рачно изработен. Синнер сега има два вакви рекети.
The post Саудијците мораа да го одложат најбогатиот турнир во светот каде што тенисерите буквално се украсени со злато appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: