Саша Поповиќ и сопругата прв пат за инцидентот

На почетокот на март во јавноста се појави вест дека семејната вила на директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ е ограбена.
При таа прилика ограбен бил сефот во кој се наоѓал семејниот накит со вредност приближна до 100.000 евра, како и пиштол со куршуми кој и припаѓал на Сузана Јовановиќ. Никој од членовите на семејството тогаш не сакаше да говори, туку се препуштија надлежните органи.
Прв пат за овој случај зборува Сузана, сопругата на Саша Поповиќ.
-Не бевме тогаш семејниот дом. Прва ги најдов расфрлените работи кога се враќав од снимање на емисија. Буквално можев да се сретнам со него или со нив. Не знам колку биле. Прва налетав на тие знаци и видов дека во куќата нешто не е во ред. Веќе во ходникот сфатив дека дошло до кражба. Тогаш видов дека некој влегол во домот и извршил грабеж, раскажува Сузана и додава дека членовите на семејство уште не можат да закрепнат од овој инцидент.
-На почетокот беше многу тешко, да се разбереме, кој сака такви работи кои се грди и тешки. Требаше се тоа да се бутне. Бидејќи сум силна личност, секогаш кажувам дека не може да ми го земат она што ми е најдраго, тоа се моите деца и сопругот. Кога се случи тоа, само го гушнав моето семејство и кажав: Фала ти Боже, сепак она највредното е со мене и покрај мене. Материјалните работи се заработуваат. Кој и да го направил тоа, му праќам благослов, а Бог ќе го направи своето, искрено вели пејачката.
Како што се споменуваше во медиумите, Сузана повикала полицијата и им кажала дека во сефот имало пет злата од бело и жолто злато, осум или девет дукати, исто од бело и жолто злато, брилијанти, привезоци, осум Ролекси. Исто се шпекулираше дека во грабежот учествувал пријател близок на семејството Поповиќ, а Сузана на се тоа вели:
-Никој од нас тоа не го кажа. Тоа никој не може да го знае. Полицијата си ја работи својата работа, се надевам дека еден ден барем некоја од тие силни грабежи во Бежанискиот дел ќе се откријат и ќе се разоткријат тие крадци. Живее во таа надеж, а нашиот живот го тераме понатаму, објаснува Јовановиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.