Сашо Василевски: Не ме мачи совеста што гласав за! Пратеникот со шокантни ставови

Во една вулгарна и подбуцнувачка атмосфера помина комуникацијата на Василевски со претставниците на „Македонија Блокира“. Тој беше брифиран да ги провоцира тие што му го испорачаа писмото на коалицијата што брои над 85 огранизации од Македонија и од македонската дијаспора.
Се чини дека сакаше да манифестира надмоќ, очигледно му годеше тоа што го чуваат стотина полицајци. Но, сето тоа ќе помине… 
Како и да е по негова намера изби скандал и Василевски ги провоцираше Петровски и Бачев. Не понуди одговор што е тоа што е добро во промената на името на Република Македонија и бришењето на АСНОМ, како и впишувањето на Охридскиот рамковен договор. Едниствено што го интересираше беше зошто Бачев веел руско знаме. На ова Бачев го праша зошто не му пречи албанското знаме кое се вее во кабинетот на Таљат Џафери. На ова Василевски немаше одговор…
Во крајно тензична атмосфера и во присуство на многу полиција овој разговор заврши без позитивен одоговор на Василевски да не го менува уставното име на Р. Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.