Сашо Тасевски: Кој кого овде е*е, да ми простите!

Стана од место. Ми рече имаш дваес минути за кафе со мене.

Океј. Седнав. Му направив ќеф.

Не го знам. Ми бил на стендап. Уживал на стендапот. Ме гледал и во претстави порано.

Ја чекаше ќерка му да и даде пари, ќе одела у Охрид со друштвото.

Застанува мерцедес двосед пред нас. Ќерка му. Бруцош.

И вели, ова е Сашо, ете кај него бевме на стендап со мајка ти.

Ќеркава само ме погледна без збор. Ни да климне со глаата. Веројатно истиот поглед го има и мрсул кога погледнува несакајќи.

Нејсе. Запали аутцето и бррррм.

Јас му викам, добра кола.

Сама си ја одбра и ја имам мечка. Белана онде. Ама јас децата ги учам да не бидат материјалисти. И добро сум ги воспитал. Парите не значат ништо, ако не си среќен.

Така е му викам.

А он, јас исто никогаш не сум трчал по пари. Не ми значат ништо.

Да, му реков, ко мутав. Така е.

Значи секогаш ко сум седел со демагози исто се осеќам.

Зашто не знам дали ме дупат или стварно си веруваат на тоа што го зборат.

Изгледа ме дупат.

А ко те дупат, не е баш пријатно. Мислам ако те дупат вака.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.