Сашо Тасевски: почитан сум од Ден Браун и Коељо!!

Напишав СЕДУМ книги во просек по 250 страни. Сите ги распродадов во малопродажба. Некои по две изданија. Наскоро ќе има и трети изданија. Во 2013 добив награда од Универзитетска за најчитан писател во сите библиотеки во државава во конкуренција на домашни и странски автори. Значи повеќе ме читале од Ден Браун и Коељо.
Сепак, никогаш оваа држава не застана зад било која моја книга.

Не ме примија во Друштвото на писатели иако еднаш по барање на нивни највиден член пратив барање за прием.
Во меѓувреме други, тотални анонимуси од писатели добиваат се. Или ги правеа познати онака на мускули. Наместено наградиче, лоби вакво лоби онакво зад нив, државни пари за превод на странски јазик и печатење. Ако.

Крв да им се стори. Ама почитани поинтересни и поконтроверзни од мене нема да бидат. Никогаш.
А моите книги еден ден ќе го најдат патот кон големиот свет. Може тогаш нема да бидам жив, ама ќе го најдат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.