четврток, 12 ноември 2026
Најново

Свадбата на векот започна: Домот на Цеца украсен од рано утрово, а еве што прави младоженецот пред венчавката

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска го жени синот Вељко Ражнатовиќ со неговата избраничка Богдана Родиќ.


Младиот пар штом дозна дека очекува принова веднаш закажаа свадба, а истото го направија пред големиот божиќен пост кој започнува на 27 ноември.
Богдана денеска замина од куќата на Цеца и се упати кон салонот за убавина, а потоа ќе замине во својот дом од каде Вељко ќе ја земе како невеста.

Исто така и Вељко утрово излезе од својот дом, но засега не се знае каде се упатил тој пред венчавката.
На свадбата која утрово започна ќе присуствуваат 500-тини гости, а црковната венчавка е закажана за во Свети Сава во 16:30 часот.
Од рано утрово пред дворот на пејачката се собраа музичарите, а според старата народна ако по утрото се познава денот, ова ќе биде една голема веселба.

Поврзани вести