Светот гори, а Трамп инвестира 10 милијарди долари во луксузни проекти во Саудиска Арабија!

Семејната компанија на американскиот претседател Доналд Трамп објави инвестиции од 10 милијарди американски долари во луксузни проекти во Саудиска Арабија, проширувајќи го своето присуство во Персискиот Залив.

Според соопштението од компанијата за недвижности „ДарГлобал“, која претходно соработуваше со „Трамп Организејшн“, најновиот проект вреден 7 милијарди долари вклучува хотел и голф терен со брендот Трамп.

Споменатите инвестиции се дел од проектот за развој на градот Дираџа, чија вкупна вредност е 63 милијарди долари, кој е поддржан од саудискиот суверен инвестициски фонд (PIF), објавува „Фајненшл тајмс“ (FT).

Двете компании работат и на изградбата на кулата „Трамп Плаза“ во Џеда, вредна 3 милијарди долари, која ќе вклучува канцеларии, луксузни станови и станбени згради, како дел од поголем проект наречен „Менхетен“, алудирајќи на позадината на Трамп во недвижностите во Њујорк.

Соопштението дојде неколку недели по состанокот меѓу саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и Трамп во Белата куќа, каде што беа договорени договори за одбрана, вештачка интелигенција и нуклеарна енергија.

Саудискиот министер за туризам, Ахмед ал-Хатиб, присуствуваше на церемонијата по повод поставувањето на камен-темелникот, заедно со синот на Трамп, Ерик Трамп, извршен потпретседател на „Трамп организацијата“.

Ал-Хатиб истакна дека проектот ја покажува „растечката привлечност на Саудиска Арабија како водечка дестинација за туризам и инвестиции“.

Саудиска Арабија, според „Фајненшл тајмс“, сака да го развие туристичкиот сектор како клучен столб на својата програма за економска диверзификација, со што ќе ја намали зависноста од приходите од нафта.

Други проекти вклучуваат луксузни одморалишта на брегот на Црвеното Море и забавен центар западно од Ријад.

Дираџа, каде што ќе се спроведува новиот проект, е родно место на саудиското кралско семејство.

Зголемената активност на Организацијата Трамп во Заливот по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа предизвика критики од опозицијата, која тврди дека семејството Трамп ги користи врските со земјите богати со нафта за финансиска добивка за време на неговото претседателствување.
The post Светот гори, а Трамп инвестира 10 милијарди долари во луксузни проекти во Саудиска Арабија! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: