Светот загрижен за нејзиното здравје: Германски експерт за читање од усни откри што повторуваше Меркел додека се тресеше (ВИДЕО)


Експертот за читање од усни за радиото Antenne Bayern, тврди дека германската канцеларка, Ангела Меркел за време на третото тресење во јавност  ги повторувала зборовите: „Ќе успеам, ќе успеам“.
Џудит Хартер, експерт за читање од усни за радиото изјавил дека е сигурен  дека тоа се зборовите што ги повторува  канцеларката за време на интонацијата на химната при средбата со финскиот премиер Анти Рине, односно кога започнала да има трет напад на треперење, пренесуваат медиумите од регионот.
Фразата потсетува на изјавата на канцеларката од 2015 година, кога мигрантска криза предизвика голема бура. Тогаш, Меркел,  зборувајќи за бранот бегалци, рече: „Ние ќе можеме да се справиме со оваа ситуација“.
Инаку, по трите треперања во јавноста Меркел вчера ја пречека премиерката на Данска, Мета Фредериксен седејќи, се слушаше интонацијата на химната седејќи, не како што е о протокол.
Меркел и по оваа трето треперење вели дека се чувствува добро.
Видео Твитер

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.