Светот полуде по рецептот од само две состојки, направете го и кажете им “збогум“ на мастите

Доколку страдате од вишок масти, тогаш овој рецепт е одличен за вас.
Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност, зголемените маснотии во крвта се болест на денешницата.
Понекогаш кај лица со зголемени масти може да се забележат наслаги од масно ткиво со жолта боја во облик на плочка или јазол на горните очни капаци или на некои други делови од телото.
Со напредување на болеста доаѓа до задебелување на ѕидовите на артериите, за што допринесуваат и други ризични фактори (како пушењето, алкохолот, никотинот), а последица од сето тоа, за жал, најчесто се кардиоваскуларните болести кои се една од водечките причини за смртност во светот и кај нас.
Доколку имате покачено ниво на маснотии во крвта, ви го препорачуваме овој лек, бидејќи им помогнал на многумина.


Состојки: суви смокви и јаболков оцет
Лекот направете го навечер, а пијте го наутро. Земете три суви смокви добро избоцкајте ги со чепкалка за заби од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој сте ставиле два децилитри јаболков оцет.
Нека стојат преку ноќ, а наутро изедете ги трите скиселени смокви. Остатокот од оцетот немојте да го фрлате, туку во тој истиот оцет наредната ноќ повторно ставете три смокви подготвени на ист начин.
Тие два децилитри оцет користете ги седум дена, поголемиот дел ќе го впијат смоквите. Осмиот ден земете нови два децилитри оцет и постапката повторете ја уште една недела.
Постапката за отстранување на мастите трае 14 дена.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.