Светот ќе стане „ненаселив пекол“, предупредува ООН

Во најновиот извештај на Организацијата на обединетите нации се наведува дека последните 20 години се забележува неверојатен пораст на природните катастрофи и дека тоа е последица на климатската криза.
Врз основа на тоа, ООН предупредува дека дека светот ќе стане „ненаселив пекол“ за милиони луѓе ако надлежните не го решат проблемот.
Истражувачите само укажаа дека политичките и бизнис лидери не успеаја да преземат значителни мерки за ублажување на влијанието на климатските промени. Според нив, пандемијата со COVID-19 која однесе повеќе од милион животи на глобално ниво и зарази најмалку 37 милиони во светот, го откри неуспехот на скоро сите земјида го спречат бранот смрт и болести, и покрај тоа што експертите постојано ги повторуваат предупредувањата.


Податоците покажуваат дека помеѓу 2000 и 2019 година имало 7.348 големи природни катастрофи, вклучувајќи земјотреси, цунамија и урагани, кои однеле 1,23 милиони животи и погодиле 4,2 милијарди луѓе, што резултирало во глобални економски загуби од 2, 97 илјади милијарди долари.
Како што беше истакнато, тоа е скоро двојно повеќе од 4.212 катастрофи колку што беа забележани од 1980 до 1999 година.
Огромното мнозинство од овие катастрофи беше поврзано со климата, а истражувачите регистрираа голем број поплави, бури, суши, топлотни бранови, урагани и шумски пожари во последните 20 години и заклучија дека тие значително се зголемиле во тој период.
Наглиот пораст на овие катастрофи е поврзан со зголемувањето на глобалните температури за кои научниците велат дека ја зголемуваат фреквенцијата на екстремни временски непогоди.
„Збунувачки е што свесно продолжуваме да го сееме семето на сопственот уништување. Всушност, сè е во начинот на кој менаџираме со Земјата, ако сакаме да ја спасиме оваа планета од злото на сиромаштијата, понатамошно губење на видовите и биодиверзитетот, експлозија на урбаниот ризик и најлошите последици од глобалното затоплување”, соопшти ООН.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.