Свечено отворање на Македонскиот културен центар во Белград

Вечерва во Белград ќе се отвори Македонскиот културно-информативен центар, а на настанот ќе присуствуваат министерот за култура на Македонија, Зоран Љутков, и неговиот српски колега, Никола Селаковиќ. Во музичката програма, насловена „Ајде, слушај, слушај…”, ќе настапи Зарина Првасевда, додека специјален гостин ќе биде Васил Хаџиманов. Во ликовниот дел ќе биде приредена изложба со дела од 25 уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС). Присутните ќе имаат можност да се вкусат македонско вино од гевгелиското поднебје. На отворањето ќе се обратат директорот на КИЦ во Белград Васко Шутаров, амбасадорот на Македонија во Србија Никола Тупанчески, српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, македонскиот министер за култура и туризам Зоран Љутков и потпретседателот на македонската влада Иван Стоилковиќ.
The post Свечено отворање на Македонскиот културен центар во Белград appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: