СВР Тетово објавува дека поднесе кривична пријава против Г.Ш. (40) од село Бојане, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во проституција“ и против Г.Н. (60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
„Обвинетиот Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќа на второобвинетиот, давал сексуални услуги. Додека Г.Н. намерно и свесно му помагал на првообвинетиот во давањето услуги, со тоа што ги ставал на располагање помошните простории од неговата куќа“, велат од МВР.
The post СВР Тетово: Кривична пријава против две лица осомничени за посредување во проституција appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



