СДСМ бара поништување на огласот за вработување во М-НАВ

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа мерит систем а донесоа бруталната и скандалозна партизација на институциите.Во М-НАВ – клучната институција задолжена за безбедноста во воздухопловниот сообраќај, која станува уште една партиска испостава на власта.Без било какви квалификации, мажот на директорка на Централен регистар, сопругата на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се вдомени во М-НАВ наместо стручни, едуцирани и лиценцирани кадри.Додека млади луѓе со образование, знаење и стручност се одбиваат, партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ станува единствен критериум.ВМРО-ДПМНЕ не само што ја загрозува безбедноста, туку испраќа силна порака до младите дека со оваа власт немаат иднина.Ова не е само скандал за партизација – ова е закана по безбедноста на патниците и воздушниот сообраќај.Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо. М-НАВ не е играчка во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, туку сервис што мора да функционира строго професионално и во служба на граѓаните.СДСМ бара итно поништување на овој срамен оглас, повлекување на сите спорни решенија и оставки од сите инволвирани.Македонија мора да биде држава на знаење а не на партизацијата и непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: