СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

СДСМ попладнево ја поздрави јасната и недвосмислена порака на Петер Маѓар од денешната прес-конференција. 

„Новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште за луѓето кои бегаат од правдата, објави 4news.mk  

Маѓар експлицитно наведе дека Унгарија ќе ги испорача оние кои се кријат на нејзина територија и директно го означи Никола Груевски како криминалец.

Груевски, кој во 2018 година побегна од правдата и со години се криеше под заштита на Виктор Орбан. 

Ова е конечен крај на ерата во која Будимпешта беше безбедно засолниште за осудени корумпирани функционери.

Правдата не познава рок на траење. Судските пресуди мора да се извршат.

Организирана криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски со години го бранеа и штитеа својот шеф Груевски. 

Сега дојде моментот правдата конечно да биде задоволена и Груевски да ја отслужи изречената казна во Македонија.

Граѓаните долго го чекаа овој момент.

Доаѓа време на правда и одговорност!“, велат од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: