Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информирал дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Ваљбон Лимани за градоначалник на Гостивар, од опозициската Алијанса за Албанците, соопшти вечерва опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).
Лимани освои најмногу гласови на изборите во Гостивар во ноември, но тогаш за малку не беше исполнет цензусот и затоа изборите се повторуваат.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Тој додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локална власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче рече дека „притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем“ и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (пржинска) влада.


