сабота, 28 ноември 2026
Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат прикаските на Мицкоски за економијата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонската опозициска партија, СДСМ, вели дека „граѓаните скапо плаќаат за приказните на Мицкоски дека економијата на Македонија е трета по големина во Европа“.

Од СДСМ нагласуваат дека „кога граѓаните влегуваат во продавница, кога одат на пазар, кога ги плаќаат сметките, кога ги гледаат своите празни паричници и празни фрижидери, тие најдобро знаат колку е реална приказната на Мицкоски за третата економија во Европа“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Со Мицкоски, животниот стандард на граѓаните се влошува од ден на ден, граѓаните имаат се помалку пари и живеат се полошо и полошо. Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека зеленчукот е поскап за над 38%, овошјето за над 10%, а продажните цени на земјоделските производи за 23%. Месото, јајцата, маслиновото масло се поскапи… сè е во вестите. А платите не се поместуваат, заковани на дното, работниците во РМВ имаат најниски плати во Европа.“

„Економијата е во тренд на опаѓање. Инвестициите се намалени за над 60%. Компаниите отпуштаат работници, има над 1.500 отпуштени работници за само неколку месеци. 180 милиони евра, заклучно со минатиот месец, е долгот за поврат на ДДВ кон компаниите. Додека раскажува бајки за третата најголема економија во Европа, Мицкоски не презеде мерки за да им помогне на граѓаните во криза и да го заштити стандардот“, велат од СДСМ.

 

Поврзани вести