петок, 27 ноември 2026
Најново

СДСМ: Дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вчера се објавија инфромации дека Управата за финансиска полиција спроведува предистражна постапка за препродажба на нива, поврзана со нелегално финансирање на политичка партија. 

Истовремено, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески лажно обвинуваше дека се врши претрес во неговиот дом, иако подоцна се потврди дека претресот не бил во неговиот стан, туку во станот на неговиот татко.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Оттука логично се поставува прашањето дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија за што Управата за финансиска полиција врши предистрага?

Дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија веднаш се стави во заштита на Јаулески и неговиот татко?

Одговорите на овие прашања очекуваме да ги даде истрагата што се спроведува од надлежните институции.

Поврзани вести