четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДСМ: ЕУ ја суспендираше ИПАРД 3 програмата поради корупција на ВМРО-ДПМНЕ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Европската комисија ги суспендираше исплатите за европската програма ИПАРД 3 поради корупција од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Владата молчи за оваа одлука десет дена, обвинува денес СДСМ.

„Причината: злоупотреба на европски пари од страна на владата, за што беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Но, работата мора целосно да се разјасни и сите вклучени да бидат повикани на одговорност, особено оние блиски до Мицкоски. Мицкоски, исто така, мора да биде повикан на одговорност за таков скандал.

Се сеќавате ли кога избувна скандалот, како ВМРП-ДПМНЕ и кујните на лаги го обвинија градоначалникот Филипче за ова, како објавија лаги за Заев, кој е во политичка пензија 5 години, за Николовски?

Дали улогата на фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ им е сега јасна на сите?

Токму она што постојано го кажува и разоткрива СДСМ: дека нападите врз опозицијата, врз СДСМ, врз Филипче служат за дефокусирање од теми, како на пример фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е фатена во корупција и криминал со ИПАРД.

И токму поради корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ, сега е нанесен силен удар врз развојот на земјоделството. Земјоделците и агробизнисмените кои планирале или веќе прават инвестиции сега ќе останат без пари и без инвестиции, поради корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Скандалот со програмата ИПАРД 3, вредна 130 милиони евра, не е изолиран случај, туку дел од поширокиот криминален модел на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Поврзани вести