СДСМ: Мицкоски ја води земјата кон изолација со својата анти-ЕУ кампања

Актуелната влада на премиерот Мицкоски, наместо кон интеграција, ја води земјата кон изолација, обвинува денес од СДСМ.

„Близок соработник на Мицкоски и вицепремиер во неговата влада е Иван Стоилковиќ, чии отворено проруски ставови и директни врски со Москва претставуваат сериозна закана за евроатлантската ориентација на земјата.“

Само пред неколку дена, вицепремиерот Иван Стоилковиќ учествуваше во прославата на Денот на Република Српска заедно со групата „Ноќни волци“, позната по поддршката на Путин и ширењето антизападни наративи.

Уште полошо од ова е што самиот премиер Мицкоски, и покрај јавните изјави за стратешка соработка со САД и интеграција во ЕУ, со своите постапки и блиски врски со Вучиќ и СНС, го прави спротивното, водејќи ја Македонија кон изолација.

Реформите на ЕУ се намерно избегнуваат, конфликтите со соседите се намерно создаваат, причините се измислуваат за блокирање на преговорите. Сето тоа е измислено сценарио, дел од анти-ЕУ кампања за да може владата да продолжи да ја ограбува земјата.

„Според најновите истражувања од 2025 година, до 70% од граѓаните на Северна Македонија го поддржуваат членството во ЕУ, а 77% го гледаат членството во НАТО како позитивно“, велат од СДСМ.
The post СДСМ: Мицкоски ја води земјата кон изолација со својата анти-ЕУ кампања appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: