Додека институциите не мрдаат со прст за криминалните тендери на ВМРО-ОКГ граѓаните гледаат црна кампања со напади врз предметите на СЈО. Ова е дел од политичката операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок во земјава, рече денеска Симона Цветеновски, членка на Извршниот одбор на СДСМ на прес-конференција
Клучниот чекор во оваа операција е систематскиот напад врз Специјално јавно обвинителство и врз пресудите што произлегоа од неговата работа.
Целта е јасна: дискредитација на предметите односно релативизирање на пресудите кои произлегоа од овие предмети и подготовка на терен за нивно поништување.
Обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и бегалецот од правдата, Никола Груевски, да се претстави како жртва.
Обвинителството се злоупотребува и за вршење притисок, секогаш кога нешто не и одговара на власта јавно го повикуваат токму обвинителството.
Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на „газдата“.


