четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДСМ обвинува дека „Македонска пошта“ доделила тендер вреден 1,2 милиони евра на фирма блиска до „ЗНАМ“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Опозициската партија СДСМ ја обвини „Македонска пошта“ дека доделила тендер вреден 1,2 милиони евра на компанија блиска до партијата „ЗНАМ“.

Од СДСМ велат дека тендерот е договор за чистење и хигиенско одржување со компанија која нема вработени, нема претходно склучени договори и нема искуство.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Компанијата „БС Клининг увоз-извоз“ ДООЕЛ-Скопје, основана на 10 јули 2024 година, доби тендер вреден 1,2 милиони евра од „Пошта на Северна Македонија“. Склучениот договор е за чистење и хигиенско одржување. Компанијата нема вработени, нема претходно реализирани договори, нема искуство. Во моментот на аплицирање, оваа компанија не ги исполнуваше основните услови утврдени во тендерската документација. Немаше минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немаше најмалку 50 вработени, не оствари годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години“, изјави Рената Младеновска – Извршен совет на СДСМ.

„Пошта“ реагираше велејќи дека обвинувањата на СДСМ се неточни, тенденциозни и политички мотивирани. Според нив, овие тврдења претставуваат обид за намерно дезинформирање на јавноста и искривување на фактите.

Поврзани вести