СДСМ објави нова бомба: 74 тендери вредни 17 милиони евра само за една фирма, власта си дели тендери како колачи

Денеска објавуваме уште една бомба, нова фирма, уште една меѓу омилените за власта.  74 тендери вредни 17,6 милиони евра за само две години добила оваа фирма, „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје. Наглиот раст на склучени договори започнува во 2024 година, продолжува 2025 па се до денеска, изјави на денешната прес-конференција Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

Тој вели дека само минатата година, 59 склучени договори, најголем дел од општини раководени од ВМРО – ОКГ.
„Симптоматично, вредноста на овие договори речиси целосно се поклопува со проценетата вредност на тендерите.
Ова е основен сомнеж – индикатор за наместени тендери и јавни набавки.
161 тендер за семејната фирма на Томовски, 51 тендер за друга фирма преку општините, сега 74 тендери за трета фирма блиска до власта.“, кажа Димитријевиќ.
Тој вели дека институциите речиси два месеци молчат во врска со досега изнесените наводи на Антикорупцискиот тим на СДСМ поврзани со сомнителни тендери спроведени од власта.
„Нема пари за поголеми плати, се кратат субвенциите на земјоделците за 40 милиони евра, а зад грбот на народот, едни исти фирми добиваат милионски тендери со милионски суми. 161 тендер за семејната фирма на Томовски, 51 тендер за друга фирма преку општините, сега 74 тендери за трета фирма блиска до власта. За тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ тендерите се како томбола која си ја даваат сами на себе“,додаде Димитријевиќ и ги прозва Обвинителството, ДКСК и Финансиската полиција дека молчат за досега изнесените наводи на СДСМ за сомнителните јавни набавки.

Пронајдете не на следниве мрежи: