Претседателот на СДСМ, Венко Филипче синоќа на прес-конференција објави уште неколку имиња кои се кандидати за градоначалници на партија за претстојните локални избори.
Во Општина Карбинци кандидат за градоначалник ќе биде Љупка Соколовска,
во Општина Василево ќе биде Ванчо Новоселски,
во Општина Сопиште кандидат ќе биде Звонко Васев (претседател на општинска организација на СДСМ Сопиште),
во Општине Јегуновце ќе биде Дарко Блажевски (поранешен градоначалник во периодот од 2017 до 2021 година),
Во општина Охрид ќе биде д-р. Асен Шајн (претседател на ОО СДСМ Охрид),
во Општина Демир Хисар – Златко Кузмановски (претседател на ОО СДСМ Демир Хисар),
во Општина Струмица ќе биде Марјан Даскаловски (претседател на ОО СДСМ Струмица),
Костадинов по стапките на Бранко, го замрзна членството во СДСМ: Не доби нова кандидатура, па рече со ова раководство НЕ
„Во следните две недели, две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Очекувам ова да биде процес кој ќе значи сплотување, а не поделба на партијата“, рече Филипче и додаде дека сите одлуки ги носат по широк консулатитвен процес.
Пронајдете не на следниве мрежи:


