СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, тој вели интерпелацијата ќе биде неуспешна

СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски поради, како што велат, сериозни, континуирани и процесуирани случаи на системска корупција, злоупотреба на службената положба и кршење на законите.
Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство, на прес-конференција во седиштето на СДСМ, рече дека ВМРО и Трипуновски го претвориле Министерството во своја приватна фирма за бизнис и партиски интереси.
– Долга е листата на факти, докази и аргументи за комплетно неодговорното и криминално функционирање во овој период. Наша обврска е да направиме сè тоа да престане и земјоделците да бидат заштитени, рече Николовски.
Интерпелацијата, рече Николовски, ја поднесуваат поради корупцијата посочувајќи дека директорот на Платежната агенција и директорот на Инспекторатот за земјоделство биле фатени со мито, кратењето на буџетот за земјоделците, копалсот на програмата за рурален развој….

Со реакција се јави министерот за земјоделство. Во објава на Фејсбук, Трипуновски напиша дека интерпелацијата што ја поднел Николовски, е нелегитимна исто толку колку што Николовски е нелегитимен во СДСМ.

– Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер! Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на ДУРИ 30 килограми путер, пишува во објавата на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: