среда, 11 ноември 2026
Најново

СДСМ поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СДСМ поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите по неговата неодамнешна изјава дека има чувство дека ќе се гонат поранешни функционери на опозицијата. 

– Христијан Мицкоски повеќе не се крие –тој е обвинител, судија, кој однапред нарачува судски процеси против опозицијата и неистомислениците. Од позиција на премиер, Мицкоски јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија. Неговото „имам чувство“ го диктира стравот затоа што знае дека ќе мора да се соочи со одговорноста. Но, ова е скандал од невидени размери и претставува целосно уривање на правниот и уставниот поредок и за ова мора да понесе одговорност, изјави генералниот секретар на СДСМ Саша Димитријевиќ по поднесувањето на пријавата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Кривичната пријава, како што изјави, е поднесена за
злоупотреба на службената положба и овластување, повреда на рамноправноста на граѓаните и загрозување на сигурноста.

– Бараме Јавното обвинителство веднаш да постапи по кривичната пријава, да го повика Мицкоски на распит и да се спречи понатамошно загрозување на правниот поредок. 
Нека докаже Јавното обвинителство дека никој не е над законите и дека може независно да постапува а не само по нарачки. СДСМ нема да се повлече пред заканите, рече Димитријевиќ.

Поврзани вести