СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

По усвојувањето на Предлог-буџетот за 2026 година, СДСМ изразува сериозна загриженост за насоката на фискалната политика и нејзините последици за граѓаните и економијата, се наведува во соопштението на СДСМ.

„Наместо ветената „строга фискална дисциплина“, Владата предлага дефицит од 3,5% од БДП и со тоа повторно директно го крши фискалното правило утврдено во Законот за буџети, кое поставува ограничување од 3%. Не станува збор за дисциплина, туку за отстапување од законската рамка што ќе ја платат граѓаните и економијата. Особено е проблематично што Владата ја нарекува буџетската рамка од 374,7 милијарди денари приходи и 413,9 милијарди денари расходи „развојна“, а во исто време ги намалува капиталните инвестиции“, велат од СДСМ.

Велат дека со предлог-буџетот за 2026 година се планирани на 40,5 милијарди денари, речиси 7 милијарди помалку од 47,3 милијарди денари што беа утврдени со ребалансот за 2025 година.

„На денот на усвојувањето на нацрт-буџетот, реализацијата на капиталните расходи достигна само 44,94%. Со исклучително лоша имплементација, тврдењето дека „капиталните проекти ќе бидат главен двигател на растот во 2026 година“ е контрадикторно и претставува признание на некомпетентност. Проекцијата за економски раст (БДП) од 3,8% дополнително ја разоткрива суштината на неуспешните фискални политики на Владата. Ова е проекција базирана на потрошувачката, поткрепена со најавеното зголемување на платите и пензиите“, велат од СДСМ.
The post СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: