Нов ден, нов доказ дека власта сака да ја задуши слободата на говор и да воведе цензура со неуставната Резолуција, реагираат од СДСМ.
– Пратеникот на ДПМНЕ, Бојан Стојановски, синоќа, во интервју на Сител Телевизија потврди се она што го говориме цело време.
Фалејќи ја Резолуцијата Бојан Стојановски вели „Ова е добро за медиумите“ бидејќи ќе се „санкционирало ширењето невистини во јавноста„.
Они да бидат тие кои ќе оценуваат што е вистина што е лага. Ја видовме нивната „вистина„ преку секојдневните дефокусирања со лажни вести.
Значи Стојановски потврди дека неуставната резолуција не е насочена само кон осуда на опозицијата, туку и кон медиумите.
Заради темата мигранти за пари.
Што е следно? Кривични пријави, прогон, декрет? Забрани за медиумите да објавуваат вести кои не и одговараат на власта?
Слободните медиуми се клучна алка во секое демократско општество и обидот за нивно замолчување е дело само на авторитарен режим.
Сите што ја критикуваат власта ДПМНЕ ги прогласува за дезинформатори!
Оваа е режимска матрица каде секоја критика се толкува како закана за државата.
Нема да ви дозволиме.
Правдата ќе победи. – велат од опозициската партија.



