Опозициската СДСМ денеска обвини дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ангажирала израелска приватна компанија за да следи функционери на СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче.
– „Black Cube“ е позната израелска приватна разузнавачка компанија, често наречена „приватен Мосад“. Се занимава со следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели. Компанијата е позната по своите спорни методи и соработка со авторитарни режими.
Мицкоски и неговата група ја ангажирале оваа компанија за да ги следи функционерите на СДСМ, особено претседателот Венко Филипче, велат од СДСМ.
Според СДСМ, тимот на „Black Cube“ неодамна престојувал во Скопје и во еден ексклузивен хотел имале состанок со претставници на ВМРО. На состанокот, тврдат од СДСМ, присуствувал и бизнисмен, многу близок до ВМРО, кој треба да го финансира ангажманот на оваа приватна израелска компанија.
– Целта е јасна – да се следи опозицијата, да се собираат информации и да се фабрикуваат афери за да се дискредитира СДСМ. Ова се случува токму сега, кога ВМРО е во слободен пад, веќе изгуби над 150.000 гласа, велат од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНе ги отфрлаат ваквите тврдења.
Пронајдете не на следниве мрежи:


