четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР не ги штити животите на луѓето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Последниот случај со фемицид во Велесп покажа целосна неспособност на власта да обезбеди заштита на најважното – човечкиот живот. – пишува во соопштението на СДСМ.

За сите пропусти на институциите, мора да има политичка и кривична одговорност.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Министерот Панче Тошковски мора веднаш да поднесе оставка затоа што се покажа неспособен да ја гарантира сигурноста и безбедноста на граѓаните, особено на жените и децата.

Наместо институција која треба да заштити човечки животи, Тошковски го претвори МВР во партиски сервис кој ги штити интересите на власта и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалозните измени на Закон за полиција и Закон за внатрешни работи кои ги направи Тошковски го срозаа МВР, ги истиснаа професионалците и го претворија во партиски инструмент. Со тоа се изврши директен удар врз функционирањето на најважниот дел од безбедниот систем, а последиците граѓаните ги чувствуваат секој ден.

Додека МВР се водат како партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе живеат во страв.

После сите случаи на фемициди, еколошки катастрофи, пожари, убиства, запалени возила, престрелки кои се случија додека Тошковски е на чело на МВР неговата одговорност е прв чекор кон враќање на безбедноста и спокојот на граѓаните.

Време е полицијата да се врати во служба на народот, а не на партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ. – порачуваат од СДСМ.

Поврзани вести