Опозициската СДСМ денеска на меѓународна конференција ќе ја промовирана „Скопска иницијатива“, заедничка активност која ги обединува регионалните прогресивни и социјалдемократски сестрински партии за демократски, европски и просперитетен Западен Балкан.
„Скопската иницијатива“ ја покренува лидерот на СДСМ, Венко Филипче со што прогресивните сили од регионот и Европа заеднички ќе застанат во борбата против корупцијата и европска интеграција на регионот.
Настанот е во организација на СДСМ и Корчуланската висока школа, во партнерство со Интернационалниот центар „Олоф Палме“ и Центарот за нови иницијативи.
На конференцијата најавено е присуство на претставници од социјалдемократски и прогресивни фондации од регионот, од Партијата на европските социјалисти (PES), Групата на социјалисти и демократи(S&D Group), Социјалистичката интернационала (SI), Фондацијата за европски прогресивни студии (FEPS), од сестринските партии од Европската Унија, како и членови на Управниот одбор и Советодавниот совет на Родовата мрежа на Централна и Источна Европа и други партнери на Корчуланската школа.
The post СДСМ ќе ја промовира Скопската иницијатива – борба против корупцијата и европска интеграција на регионот appeared first on Provereno.



