СДСМ: Mицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со неговите јавни изјави за можни идни судски процеси против поранешни функционери на опозицијата испраќа политички пораки и врши притисок врз правосудството.

Од партијата наведуваат дека ваквите изјави не се првпат и дека, според нив, претставуваат закани кон политичките неистомисленици и обид за создавање атмосфера на страв во јавноста.

-Ваквиот пристап претставува злоупотреба на функцијата и отстапување од принципите на владеење на правото и поделба на власта, велат од СДСМ, додавајќи дека ќе ги информираат европските институции за, како што велат, сериозноста на ситуацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: