СЕВЕРИНА ГО ПРИЈАВИЛА ПОРАНЕШНИОТ ЗЕТ ЗА КИДНАПИРАЊЕ: ТОЈ ГИ ОБЈАВИЛ И НЕЈЗИНИТЕ ГОЛИ ФОТКИ?

Северина и членови на нејзиното семејство го пријавиле поранешното момче на нејзината внука од сестра за киднапирање и држење во заложништво, под закана со оружје.
Овој немил настан наводно се случил пред помалку од две години, но уште нема судска разрешница, а рочиштата и понатаму траат. Тој барал од девојката 30.000 евра, но таа немала да му даде, па ја држел три дена во хотелска соба, под постојана закана со пиштол.
За среќа, не ја повредил, но таа преживеала огромна траума и оттогаш постојано е под стрес. Момчето ѝ е познато на хрватската полиција поради повеќе ситни криминали, а е и главен осомничен дека го хакирал компјутерот на Северина и ги пуштил во јавноста разголените фотографии кои минатата година ги објавија повеќе медиуми.
Проблемите почнале откако парот раскинал, а момчето ги уценувало повеќето членови на семејството Вучковиќ, пробувајќи од нив да изнудува пари. Процесот и понатаму се „влече“ низ судовите, без конечна разрешница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.