Северина завршила на операција

Северина утрово ги изненади своите фанови на Инстаграм со фотографија од болничка соба, која брзо потоа ја избришала.
Откако хрватските медиуми успеале да стапат во контакт со нејзиниот ПР менаџер, дознале дека Северина вчера завршила на рутинска операција поради што ќе мора да мирува две недели.
„Северина вчера беше на рутинска операција на хернијата, која веќе подолго време ѝ предизвикуваше проблеми во секојдневниот живот, но и за време на настапите, уште од минатото лето, поради што беше принудена голем дел од нив и да ги откаже, со оглед на тоа дека имаше неподносливи болики“, изјавил Гргин.


„Зафатот помина добро и Северина веќе денеска ќе биде пуштена на домашно лекување со препорака од доктор да мирува две недели. Зафатот е направен сега, за Сверина да може што поскоро да им се врати на концертните активности во пресрет на промоцијата на најновиот албум ‘Halo’, кој ги руши сите рекорди на слушаност во регионот“, додал тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.