Северина и Карлеуша имаат нешто заедничко

Пејачките Северина Којиќ и Јелена Карлеуша се познати како јавни личности кои ги следат светските модни трендови и секогаш се први кога е во прашање некој нов детаљ или некое парче на гардероба.
Тие иако во минатото имаа низа вербални пресметки преку медиумите, дека вкусовите знаат да им се поклопат доказ е новата тренди торба за плажа, од која очигледно на своето летување не се одвојува ниту едната ниту другата. Иако Северина ја презентираше своајата торба со еден месец задоцнување, двете изгледаат одлично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.