Северина поради коронавирусот побара пари од државата Хрватска!

Северина не е сега во ситуација да избира, туку да преживува и како самохрана мајка!
На мегапопуларната пејачка Северина Којиќ, за која сите велат дека лежи на пари, воопшто не ѝ оди овие денови додека трае пандемијата со коронавирусот. Од едноставна причина што сите концерти ѝ се откажани, а не се знае ниту тоа дали воопшто ова лето ќе бидат одржани.

Кога богатата Северина ги чувствува последиците по паричникот поради короната, што тогаш да кажат останатите?
Сепак, Северина е снаодлива, па да не биде да не знае да ја решава комплицираната работа, таа веднаш во својата матична земја Хрватска побара парична помош од државните институции. Пејачка Северина се најде на списокот на луѓе и компании кои побараа финансии поради економската криза.
Иако со години живее во Србија затоа што е мажена во Белград за Србинот Игор Којиќ, поранешен фудбалер, (син на пејачот Драган Којиќ Кеба), Северина од српските институции не бара никаква парична помош, туку од хрватските, сметајќи се пред сè за хрватската државјанка која има Законско право на тоа.
Со оглед на тоа дека на пејачката приходите ѝ паднале за повеќе од 30 посто, помошта што ќе ја добие се однесува на исплата на плати, бидејќи таа се води на листата на оние имиња кои обавуваат самостојни професии.
Северина вели дека е задоволна со исплатата која ќе биде во вид на минималец, но сумата на парите не ја спомнувала. Новинарите претпоставуваат дека работава е “дај, шта даш“ со оглед на тоа дека Северина не е сега во ситуација да избира, туку да преживува и како самохрана мајка!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.