Северина се разведува поради десет години постар маж

Хрватската пејачка Северина Којиќ веќе извесно време планира да го остави својот сопруг Игор Којиќ поради тоа што тајно се гледа со еден хрватски бизнисмен.
Имено како што пишуваат хрватските медиуми Северина ужива покрај десет години постариот бизнисмен од Сплит кој во исто време е и политичар.


-Северина и Игор веќе подолго време имаат криза во бракот, бидејќи пејачката тајно се гледа со еден сериозен бизнисмен и политичар. Пејачката на сите начини се обидува да се разведе без многу драма и да биде среќна со бизнисменот, вели извор близок до парот.
Но освен разводот, Северина не е во добри односи ниту со свекорот и свекрвата кои и замериле на снаата што не дошла во нивниот дом на нивната куќна слава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.