Северна Кореа тестира подводен систем на нуклеарно оружје: Нова драма во Јапонското Море! Моќните дронови можат да уништат цели пристаништа

Северна Кореја, тестирала подводен систем за нуклеарно оружје во знак на протест против заедничките воени вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија, објави во петокот државниот медиум КЦНА.

Тестирањето на системот Хаил-5-23, како што Северна Кореја ги нарекува своите дронови за подводни нуклеарни напади, го изврши истражувачки центар на Министерството за одбрана во водите крај нејзиниот источен брег, соопшти државната новинска агенција КЦНА, без да наведе датум.

Неименуван функционер во Пјонгјанг ги обвини Јужна Кореја, САД и Јапонија дека се „огорчени“ од воените вежби и предупреди на „катастрофални последици“.

Морнариците на трите земји, ќе се потсетиме, ги одржаа своите тридневни редовни вежби до среда заедно со американскиот носач на авиони „Карл Винсон“, како дел од напорите за подобрување на нивните одговори на растечките нуклеарни и ракетни закани на Пјонгјанг.

– Различните поморски и подводни акции на нашата војска ќе продолжат да ги одвраќаат непријателските воени маневри на американската морнарица и нејзините сојузници – се вели во соопштението на портпаролот на севернокорејското Министерство.

Севернокорејската државна телевизија емитуваше претходни тестови со атмосферска експлозија, кои беа следени од американските и јужнокорејските власти, но тестирањето на подводното оружје не е независно потврдено.

Новиот систем за беспилотни летала Haeil, што значи цунами, наводно првпат бил тестиран во март 2023 година, а државните медиуми велат дека идејата е да се извршат тајни напади во непријателските води и да се уништат поморските ударни групи и главните оперативни пристаништа со создавање голем радиоактивен бран преку подводна експлозија.

Последниот пријавен подводен тест дојде неколку дена откако Северна Кореа истрела нова хиперсонична ракета со среден дострел со цврсто гориво, која Вашингтон, Сеул и Токио ја осудија како сериозно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Пронајдете не на следниве мрежи: