Северна Митровица осамна накитена со српски знамиња

Денес во 10 часот во Собранието на Косово е закажана седница на која ќе се гласа за трансформација на сегашните безбедносни сили (ФСК) во војска на Косово. ФСК и други институции веќе имаат организирано церемонии за прослава на овој чин, на кој остро се спротивставуваат политичките претставници на косовските Срби, како и официјален Белград.
Терасите, продавниците и јавните собирни места во северниот дел на Косовска Митровица се украсени со знамињата на Србија. Се работи за илјадници внесени и поделени знамиња во поделениот косовски град Митровица, чиј северен дел е населен со мнозинско српско население.
Граѓаните коментираат дека српските знамиња се обесени како одговор на денешната најава за усвојувањето на законот за формирање на Косовската армија, за што денес ќе се дискутира во Парламентот во Приштина. Тие, исто така, велат дека знамињата на Србија се истакнати и како одговор на американските знамиња во Приштина, јужна Митровица и во јужниот дел на Косово.
– Мислам дека тоа е уште нашата територија и тоа е сосема во ред да се стави нашето знаме – велат за „Танјуг“ граѓаните на северна Митровица.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.