Седницата на Советот за безбедност на ОН по повод 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на СРЈ денеска во 15 часот

За денеска во 15 часот по њујоршко време е закажана седница на Советот за безбедност на ОН по повод 25 години од НАТО бомбардирањето на СР Југославија, на иницијатива на Русија, но се уште е неизвесно во каков формат ќе се одржи.

Иако Русија предложи на почетокот на март да се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија, а Јапонија како претседавач со Советот за безбедност ја поддржа таа иницијатива и ја закажа седницата. Се уште е неизвесно во каков формат ќе се одржи седницата, дали ќе биде отворена или затворена за јавноста, јавува репортерот на РТС од Њујорк.

Многу западни земји ја критикуваа оваа иницијатива и рекоа дека е непотребно да се дојде во Њујорк бидејќи седницата нема ни да се одржи.

Пронајдете не на следниве мрежи: