Седумдесет годишна баба возела 60 километри на автопат во спротивен правец: На полицијата и требало час и половина додека да ја запре

71-годишната Французинка возела 60 километри во погрешна насока на автопатот пред да биде запрена од полицијата, пренесуваат медиумите.
Полицијата со мотоцикли ја запрела жената, која не била повредена, во петокот вечерта, пишува весникот Ouest France.
Полицијата затвори дел од автопатот, но им требаше час и половина да запрат жена на делот од автопатот А11, западно од Франција. Немаше несреќи, а полицијата го истражува инцидентот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.