Седуммина уапсени на протестите во Брисел, отстранети 50 тони отпад

Шест лица се приведени, а седуммина уапсени по протестот на земјоделците што се одржа синоќа во Брисел, за време на кој беа повредени четири полицајци.

Исто така, отстранети се 50 тони отпад, објави Регионалната агенција за чистење во Брисел, Net Brussel.

Поголемиот дел од отпадот е исчистен пред Европскиот парламент, а се додава дека отпадот се состоел претежно од гуми, компири, цвекло и влажна слама, пренесува VRT.

Пронајдете не на следниве мрежи: