Седум лица повредени од пиротехника, МВР размислува за построги казни

Седум лица, а меѓу нив и пет деца, се здобиле со повреди од пиротехнички средства за време на новогодишната ноќ. Дел од нив ќе бидат со траен инвалидитет, ампутирани им се прстите.

Здравствените власти денеска информираа дека на Ургентниот центар биле примени три деца, на Детската клиника две деца, а на Клиниката за пластична хирургија двајца возрасни мажи.
Министерството за внатрешни работи размислува за заострување на казнената политика.
– Лично сум на размислување за заострување на казнената политика која што е поврзана особено со ваков тип на криминал и нелегални дејности, во делот на санкционирање на оние коишто тргуваат, увезуваат, шверцуваат, продаваат или на било каков начин допринесуваат пиротехниката да заврши во рацете на дечињата, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пронајдете не на следниве мрежи: