Седум најлоши јадења за вашето здравје

Пржено пилешко
Пилешкото месо се смета за здрава алтернатива на црвеното месо бидејќи има помалку заситени масти од говедското и е одличен извор на протеини. Но, доколку го пржите во врел зејтин и го премачкувате со брашно, го претворате здравиот протеин во еден од најнездравите оброци.
Кога пилешкото месо го пржите во зејтин, впива многу масти и ја зголемува калориската содржина на оброкот. Уште полошо е што кога се пржи во растителни масти, се создаваат транс масти кои се поврзани со зголемен ризик од срцеви заболувања, рак и дебелина. Заситените масти од пилешкото исто така го зголемуваат нивото на лошиот холестерол.
Крофни
Се состојат од бело брашно, шеќер, а потоа се пржат целосно потопени во масло. Тоа значи дека содржат и транс масти од најлошиот вид кои го зголемуваат лошиот холестерол.
Чипс
Чипсот има 500 милиграми натриум или околу 1/4 кафена лажичка сол, што е отприлика една третина од вкупната дневна количина препорачана за возрасно лице. Новите истражувања откриваат дека чипсот додава повеќе килограми на телото на потрошувачите отколку што тоа го прават слатките пијалоци, преработеното месо, црвеното месо.
Сушено месо
Сушеното месо содржи конзерванс кој се вика натриум нитрат, кој може да предизвика хронично воспаление на артериите.
Помфрит со сирење
Сите знаеме дека помфритот е нездрав, а ова уште повеќе се влошува доколку на него додадете сирење, со што ќе ја зголемите внесената количина на холестерол и натриум.
Конзервирана храна
Дури и конзервите со голем удел на грав и зеленчук може да содржат многу натриум. На пример, тешко би било да се пронајде конзерва со вкусна чорба од грашок која содржи помалку од 500 mg натриум по порција.
Маргарин
Консумирањето маргарин го зголемува ризикот од болести на срцето бидејќи содржи транс масти. Колку е маргаринот поцврст, толку повеќе транс масти содржи. Путерот е подобар избор за приготвување на тост.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.